Куќата на Албанецот му припаѓа на Бог и на гостинот
Албанците се автохтон народ на Балканот, чии историски простори опфаќале делови од денешна Албанија, Грција, Пелопонез и Италија. По османлиската експанзија во 15 век, дел од населението се преселило во Грција, Италија и Сицилија. Во различни земји се познати под различни имиња – арванити во Грција, арбереши во Италија, арбанаси во Бугарија и арнаути во османлискиот период, пишува БНР.
Во Бугарија албанската заедница има долга историја – од средновековните населби Арбанаси и Мандрица до создавањето на првите албански друштва и печатењето на азбуката во Софија. За нивната културна врска меѓу двете држави зборуваат Костандина Бело од албанската редакција на Радио „Бугарија“ – БНР и Катерина Николовска од амбасадата на Албанија, нагласувајќи дека идентитетот се одржува преку јазикот, традициите и секојдневниот живот.
Главен обединувачки фактор е албанскиот јазик, единствен во индоевропското семејство. Религијата никогаш не била пресудна – православни, католици и муслимани со векови коегзистираат со изразена толеранција.
Денес Албанците во Бугарија се интегрирани, но ја зачувуваат културната посебност преку обичаи, празници и гостопримство. Како што вели поговорката: „Куќата на Албанецот му припаѓа на Бог и на гостинот“.
