САД повикаа на намалување на тензиите меѓу Турција и Грција во Егејско Море
САД синоќа ги повикаа Грција и Турција да ги намалат тензиите во Егејското Море, по инцидентот при кој турски патролен чамец се судри со брод на грчката Крајбрежна стража во реонот на двата мали острови Имија/Кардак, за чии суверенитет спорат двете земји. Во соопштение на американскиот Стејт департмент се посочува дека двете земји треба да најдат билатерално решение за спорот.
