30 номинации за признанието „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“ за 2025 година
Вкупно 30 номинации се добиени за признанието „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“ за 2025 година, соопштија од Извршната агенција за Бугарите во странство, пренесува БНР-Радио Бугарија.
Номинациите се испратени од бугарски организации и заедници од 11 држави – Германија, Австрија, Канада, САД, Англија, Молдавија, Украина, Романија, Финска, Чешка и Холандија. Прибирањето на номинациите заврши на 6 март 2026 година. Од агенцијата се заблагодарија на сите организации и заедници кои ги испратиле своите предлози.
„Благодарение на нив, секоја година стануваат видливи инспиративните приказни на Бугарки кои со својата дејност придонесуваат за развојот на бугарските заедници низ светот и за зачувување на бугарската култура, јазик и традиции“, истакнуваат од институцијата.
Конкурсот „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“ ги наградува Бугарките кои живеат надвор од земјата и кои со својата општествена, културна, образовна или хуманитарна дејност имаат значаен придонес за бугарските заедници во странство. Признанието го носи името на Света Злата Мегленска – симбол на духовната сила и достоинството на Бугарката.
