| | |

(Видео) Објавено е официјалното видео на „Bangaranga“, бугарската ѕвезда DARA работи со режисерот на две победнички песни на Евровизија

Објавено е официјалното видео на „Bangaranga“, бугарската песна за „Евровизија“ во изведба на поп ѕвездата DARA.

Во видеото впечатливо место заземаат кукерите. При претставувањето на песната за време на националната селекција, DARA објасни дека „Bangaranga“ е инспирирана токму од бугарските кукери. По објавувањето на официјалното видео, DARA и Бугарија се наоѓаат на 14-тото место според обложувалниците.

Во Виена, DARA ќе настапи во второто полуфинале на 14 мај, а големото финале на „Евровизија“ е закажано за 16 мај.

Во меѓувреме, стана јасно дека DARA работи со познатиот режисер Фредрик Ридман.

Ридман има работено на две победнички изведби на „Евровизија“ – „Heroes“ на Måns Zelmerlöw од Шведска во 2015 година и „The Code“ на Nemo од Швајцарија во 2024 година. Во 2025 година, пак, бил креативен директор на француската и на албанската песна на конкурсот.

Откако е објавено видеото пред 12 часа е видено повеќе од 77 илјади пати, повеќето коментари се позитивни, а поголемиот дел од фановите на конкурсот велат, дека годинава нивен фаворит за победата е токму бугарската песна.



Слични Објави