Градови од Бугарија и Република Северна Македонија можат да учествуваат како партнери во проекти по програмата URBACT IV на ЕУ
Градови од Бугарија, земјите членки на ЕУ, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина и Молдавија ќе можат да учествуваат во партнерски мрежи за заедничко планирање, финансирани од Европската унија, со поддршка до 1 милион евра по проект, jавува БТА.
Министерството за регионален развој и благоустройство на Бугарија објави повик за создавање „Мрежи за заедничко планирање“, со рок за аплицирање до 17 јуни 2026 година. Целта е градовите да воспостават партнерства за спроведување на локални стратегии преку конкретни мерки.
Во секоја мрежа може да учествуваат од 6 до 8 партнери, а најмалку 50% од буџетот мора да се наменат за пилот-активности на локално ниво.
Финансирањето од Европскиот фонд за регионален развој покрива 70% од проектите за југозападниот регион на Бугарија и 80% за останатите региони, додека националното кофинансирање изнесува 15%.
Програмата URBACT IV 2021–2027 има вкупен буџет од над 105 милиони евра и е дел од програмите на ЕУ за меѓурегионална соработка.
