АРСОВСКИ: АПСЕЊЕТО НА ЈАНЕВА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СПАС ЗА ЗОРАН ЗАЕВ
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека апсењето на Катица Јанева не смее да биде спас за кариерата на Зоран Заев.
Арсовски подвлече дека треба да се дознае какви биле улогите политичарите Кики, Фрики, Шеки и главата на октоподот Зоки Поки. Тој побара да се утврди и каде се парите од рекетот.
Портпаролот истакна дека Катица Јанева нанела срам на правдата во Република Македонија.

