| |

Концерт по повод 90 години од раѓањето на светски познатиот оперски пејач Никола Ѓузелев во Софиската градска уметничка галерија

Концерт по повод 90 години од раѓањето на светски познатиот бугарски оперски пејач и творец Никола Ѓузелев организира фондацијата „Никола Ѓузелев“ во Софиската градска уметничка галерија. Концертот ќе се одржи на 29 април со почеток од 18:00 часот, јавува Радио Бугарија.

На концертот ќе настапат Радостина Николаева – сопран, Бисер Георгиев – бас, Хари Драганов – бас, Јоланта Смолјанова – пијано. Анна-Марија Ѓузелева, сопруга на пејачот, ќе ја претстави новообјавената книга „Никола Ѓузелeв. Витезот на операта“.

Во врска со годишнината на големиот оперски пејач, Анна-Марија Ѓузелева донираше на Софиската градска уметничка галерија негови рани портрети, цртежи и скици, сопственост на семејството.

Покрај огромните успеси и заслуги за прославување на бугарската оперска уметност на светските сцени, Никола Ѓузелев е и извонреден сликар. Уште во најрана возраст тој вешто ја комбинира страста кон музиката со љубовта кон класичното сликарство, што ја покажува неговата богата артистичка природа. Уште како студент на Ликовната академија, тој го покажува својот извонреден талент како сликар и портретист.

Одбележувањето на 90-годишнината на Никола Ѓузелев во Софиската градска уметничка галерија е дел од серијата чествувања во текот на 2026 година.



Слични Објави