Украина бара од Израел да заплени брод со украдено жито од окупираните територии
Украина побара од Израел да заплени брод што, според Киев, превезува жито украдено од украински територии под руска окупација, пренесе Ројтерс.
Украинскиот главен обвинител Руслан Кравченко соопшти дека бродот „Панормитис“ плови кон израелското пристаниште Хаифа со товар од кој дел, како што тврди, бил натоварен во окупираните украински региони.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека барањето за заплена пристигнало доцна и дека случајот го разгледуваат надлежните органи.
Спорот ескалираше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани со санкции за сите што ќе профитираат од спорната пратка.
Украина тврди дека од почетокот на руската инвазија од окупираните територии биле нелегално изнесени повеќе од 1,7 милиони тони земјоделски производи, но Ројтерс наведува дека не можел независно да ги потврди тие податоци.
