Бугари од целa Бугарија се поклонија на Обориште по повод 150 години од Априлското востание
Бугари од цела Бугарија пристигнаа на собирот-поклонение во историското место Обориште, каде пред 150 години првите бугарски пратеници ја донеле одлуката за објавување на Априлското востание. Пред споменикот на „Априлци“ беше отслужен молебен за здравјето и благосостојбата на бугарскиот народ, јавува БНР.
Многумина ја изодеа стрмната патека низ Средна Гора за да оддадат почит и да положат цвеќе пред споменикот со имињата на првите бугарски пратеници.
По повод 150-годишнината од Априлско востание беше отворена Алеја на славата.Таа го поврзува Панаѓуриште со историското место Обориште, започнува со асфалтирана патека од крајот на градот, преминува во шумска еко-патека и продолжува со историската патека што води до споменикот на Првото бугарско големо народно собрание.
Пред споменикот на „Априлци“, децата од Панаѓуриште упатија музички поздрав со развеани знамиња.
Во своето обраќање, претседателот на Општинскиот совет Иван Лалов изјави:
„Нашето Обориште денес е толку бугарско, колку и тогаш. Нека тука дадеме заклетва дека ќе продолжиме започнатото на Обориште, затоа што еден народ го осмислува својот пат преку своите синови. Свеченостите на Обориште продолжуваат“.
