| |

Етнографскиот музеј „Етар“ во Габрово, Бугарија со богата програма за Ѓурѓовден

Регионалниот етнографски музеј на отворено „Етар“ во Габрово, Бугарија претставува празнична програма посветена на Ѓурѓовден, што трае до 6 мај. Посетителите ќе имаат можност да проследат демонстрации на занаети, кулинарни претставувања и обредни реконструкции, пишува Радио Бугарија.

Меѓу главните содржини се Ѓурѓовденската лулашка кај црквата „Св. Богојавление“, интерактивни активности во ѕвонарската работилница и дегустации на традиционални јадења подготвени по стари рецепти. Организирани се и едукативни работилници за деца, како „Зелена премена“ и „Од волнената нишка до сукманот и потурите“.

Во рамки на програмата се поставува фотоизложба од конкурсот „Етнообјектив: Ѓурѓовден“, како и проекции на документарни филмови за фолклорното наследство. Посетителите ќе можат да проследат и автентични занаети, вклучувајќи мелење жито во воденица и претставување на сточарскиот живот.

Кулминацијата е на 6 мај со црковни песнопенија, празнични маршеви, традиционален Ѓурѓовденски кантар и изложбата „Еволуцијата на бугарската воена униформа 1876–1944 г.“.



Слични Објави