| |

ТРОЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ КУМАНОВО – КРИВА ПАЛАНКА

Автомобил излета од патот Куманово -Крива Паланка при што три лица се тешко повредени. Во несреќата, М.Р.(22) од Куманово, управувајќи го возилото „пежо’’, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.



Слични Објави