ГРУЕВСКИ: КАТИЦА МУ РЕКЛА НА ЗАЕВ, АКО ОДАМ ЈАС, ЌЕ ОДИШ И ТИ… НО НЕ ИСПАДНА ТАКА
„ Некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинетот со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер. Секогаш претходно Јанева доаѓа од официјалниот влез на владата. По средбата Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО со неа на чело. Предлогот бил, таа да се повлече за СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката со друг нивни човек на чело, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.
Јанева, која меѓудругото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: “ако одам јас, ќе одиш и ти”, што засега како што сите знаеме не е така. Сепак, Заев знае на што мислела кога го рекла тоа… “, пишува во својот најнов facebook статус поранешниот премиер и моментален азилант Никола Груевски.
