| |

Радев: Тврдењата дека Скопје може да бара македонско малцинство се небулозни

„По посетата на Кирил Петков во Скопје има многу позитивни сигнали“, вели бугарскиот претседател Румен Радев. Според неговите зборови секој чекор што води до продлабочување на односите, треба да биде поддржан.

Радев препорача воедно со сите напори за поврзаност, инвестиции и соработка, да не се заборават основните прашања кои што ќе ја отворат вратата на преговори со РС Македонија.

„Апсолутно небулозни се тврдењата дека ако Бугарија побара рамноправност за македонските Бугари и нивно впишување во Уставот на РС Македонија, Скопје може да побара македонско малцинство во Бугарија“, дециден е бугарскиот претседател.

„Нека не забораваме дека нашите Устави се корено различни“, потсетува Радев.

„Бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуални права, додека македонскиот Устав се темели на заштитата на колективните права на делови од народи“, истакнува Радев.



Слични Објави