МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА БАРА СТАВ ОД КРИВИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ МОРИНА
Министерството за правда до Основниот кривичен суд – Скопје, доставило барање со целокупната пропратна документација за произнесување на Судот во однос на постапката за екстрадиција на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.
– Судијата на претходна постапка, согласно законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното Обвинителство, а по добивање на мислењето Судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда, кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

