Отворено писмо на еден македонски Бугарин до бугарскиот премиер: Дури и морето да е мастило, нема да ни биде доволно да опишеме сè што сме поминале

//

Пишува: Илија Стојановски

Господине Кирил Петков, по вашата посета на Скопје, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, си дозволи да каже дека ние, македонските Бугари, треба да си ги бараме правата во Македонија или во Стразбур. Ќе ви дадам неколку примери за систематското малтретирање на кое беа изложени наши сограѓани, баби и дедовци, татковци и мајки, не во Југославија, туку во современа Македонија, по 1991 година, со крајна цел да биде избришана секаква бугарска свест кај народот. Во тој случај не ми е јасно како овие луѓе можат да си ги бараат правата во држава која ги малтретира? Како овие луѓе да си ги бараат правата во Стразбур со оглед на тоа дека адвокатот кој ќе се занимава со овие работи е под надзор на поранешна УДБА и ако почне да работи да брани малтретиран Бугарин, ќе му се заканат со одземање на адвокатската лиценца? Таков е случајот на Јован Стојановски.
Господине Петков, повеќето од овие луѓе во тоа време, пишуваа и писма до владите во Софија. Има архиви и можете да ги видите. Ќе наведам како имиња само дел од репресираните Бугари, а вие замолете ги постарите колеги да ви објаснат за што се работи. Можеби тогаш сте биле во Канада и не ви било гајле што се случува во Македонија.
Георги Калаузаров, Живко Петрушев, Крум Чушков, кој под псевдонимот К. Велешки испрати писмо до бугарскиот претседател Жељу Желев, во кое се вели:

„Ви пишувам од името на 10 илјади репресирани Бугари во Вардарска Македонија, не само за да ве информирам што се случува, туку и да ве замолам во нивно име радикално да ја смените политиката на Бугарија кон Македонија… Ние сакаме Бугарија јасно и недвосмислено насекаде да застане во одбрана на нашите права како Бугари… Во Македонија бугарската национална кауза не е изгубена – токму обратно – сега повторно се оживува и сакаме оваа преродба да го опфати целиот бугарски народ“.



Ова, господине Петков, не е напишано за време на Југославија, туку во независна Македонија. Нема ли репресии врз Бугарите? Оттогаш ги сакаме нашите права како такви, а сега кога имаме шанса, кога претседателот Радев е на наша страна, вие не предавате нас, македонските Бугари.

Продолжувам со списокот. Гоце Чушков, син на Крум Чушков. Димитар Делевски, Ванчо Весков, Владимир Паунковски, Марија Стоименова, Славчо Цеков, Димитар Црномаров, чија куќа била претресена при апсењето, а полицијата му ги одзела сите документи на партијата што ја водел, сите книги на литературен бугарски јазик, како и пасошот.
Потоа, македонската полиција одбива да и даде информации на неговата сопруга Марина Црномарова за причините за приведувањето и неговата физичка состојба. За време на притворот, д-р Д. Царномаров постојано бил испрашуван за неговите контакти со различни кругови во Бугарија. На овие сослушувања тој бил удиран со кундак од автомат по глава, поради што му бил оштетен видот.
Списокот со останатите репресирани, тепани и малтретирани Бугари од Македонија ќе го добиете како писмо во вашата канцеларија со детално објаснување што им се случило. Се сомневам дека ќе го прочитате, но ќе го објавам јавно, барем народот во Бугарија да разбере на што не подложивте и како не вративте 30 години назад.

Додека Македонија не ги рехабилитира овие Бугари, не заслужува да почне преговори. Зборуваме за репресија во независна Македонија. Зборуваме за репресија не од УДБА во Југославија, туку од наследниците и децата на УДБА во суверена и независна Македонија.

Како Бугарин од Македонија ќе Ви кажам дека решавањето на спорот со Македонија мора да почне со правата на Бугарите во Македонија и да се врати во историјата. Сè додека не го следите овој принцип, туку одржувате деловни состаноци во Скопје и барате решение во авионското поврзување, со други зборови, од историјата до денес, до крајот на преговарачкиот процес, може да нема повеќе живи Бугари во Македонија.

Извинете за мојот лош бугарски, но, ако имавме права во Македонија, ќе учевме литературен бугарски во училиштата. Зборуваме и пишуваме на овој расипан бугарски од сеќавање за тоа што останало од нашите татковци или што сме научиле од бугарските книги, кои до ден денес во 21 век, кога ја поминуваме границата во Македонија мораме да ги криеме под седиштата бидејќи има опасност да ни ги одземат, со образложението дека се пропаганда.

Се надевам дека за наредното гостување во Скопје ќе имате повеќе од 15 минути за нас. Дури и морето да е мастило, нема да ни биде доволно да опишеме се што сме поминале и низ тоа што поминуваме. Затоа сакаме повеќе од 15-минутна средба.

  • Жал ми е за мојот бугарски јазик, но за разлика од вас, Бугарите од Бугарија, јас сум роден во Скопје и немав привилегија да учам литературен бугарски јазик. Ова е невозможно да се случи во денешна Северна Македонија, да се учи литературен бугарски јазик и затоа нашата борба е да влеземе во Уставот.



Претходна статија

Радев: Тврдењата дека Скопје може да бара македонско малцинство се небулозни

Следна статија

Илиев: Не смееме да тргуваме со правата на Бугарите во РС Македонија

Најново од Истакнато