„HOMO YUGOSLOVENICUS“: КАКО ТОТАЛИТАРИЗМОТ СИ ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА

/

И после триесет години сеуште се прашувам: колку македонското општество вистински беше трауматизирано од четириесет и пет годишниот социјализам со титоистички лик? Вообичаено, сите пост – комунистички држави, барем во почетните години на транзицијата, сериозно трауматизирани од комунистичкото минато, се најдоа во состојба на хаос и конфузија. Од која, како што гледаме, успешно излегоа, се трансформираа и повеќето станаа членки на Европската Унија.

Луѓето кои беа изнедрени од многугодишниот комунизам, одредени автори во земјите од источна Европа, ги етикетираа како „homo sovieticus“ и сериозно се занимаваа со студирањето на нивното однесување при адаптирањето на новите услови на пазарната економија и западноевропската демократија.

Што стана со нашиот „homo yugoslovenicus“? Тој едноставно не мораше да се адаптира на новите услови. Зошто? Затоа што во транзицијата тргнавме со фингирана демократија и фингиран политички плурализам. „Homo yugoslovenicus“ никогаш искрено не веруваше во сопствена држава. Си ја имаше Југославија. Едноставно беше присилен да го следи проектот на национална држава во деведесетите. По нејзиниот распад. Затоа толку лесно се откажа од македонската држава со оваа власт. Национално хермафродитен, овој тип на транзиционен човек, успеа да ги забави и перветира реформите во сите сфери на општественото живеење. Како поинаку ќе го објасните деформираниот демократски процес. Кражбата на општествениот капитал. Контролираното судство, разјеба…то обвинителство. Со години одложувани и задоцнети реформи.

„Homo yugoslovenicus“ беше вирусот што не дозволи да се проветри македоснкото општеството. Кој го зароби и дегенерира. И кој се активира секогаш кога се загрозени интересите на старата комунистичка номенклатура и нивната рожба. Вирус кој одржува континуиран хаос и конфузија во македонското општество. Како денес со оваа власт.



Автор: Звонимир Јанкуловски, универзитетски професор

(ЦЕЛАТА КОЛУМНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА WWW.NETPRESS.COM.MK)

Претходна статија

МАКЕДОНСКАТА ALIEXPRESS ВЕРЗИЈА НА ДИНКО ОД БУГАРИЈА

Следна статија

ФИКТИВНА И ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА

Најново од Колумни

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај