| |

Поради лојалноста кон Кремљ, нашите епископи ги налутија Македонците и ја вознемирија Вселенската патријаршија

Пишува: Димитар Иванов/Фактор.бг

Во своето обраќање на Светскиот форум за меѓународна политика, што се одржа минатиот викенд во Абу Даби, Вселенскиот патриарх Вартоломеј ја даде следната изјава:

„Некои цркви се согласни со Вселенската патриаршија. Други, чии земји се премногу зависни од Русија, слепо ја поддржуваат Московската патриаршија. Трети чуваат соучеснички молк.“

За време на својот последен состанок Светиот Синот го прекрши својот соучеснички молк и покажа дека Бугарија е во списокот со земји зависни од Русија.

Што се случи?

Денеска Ловечката митрополија официјално ја информираше јавноста дека на состанок на Светиот Синод на БПЦ било прочитано писмо на српскиот патриарх Порфириј во кое се известува дека како спроведување на едногласна одлука на Светиот Архиерејски собор на СПЦ за време на Архиерејска литургија на 5 јуни оваа година е даден патриаршиски и соборен Томос за автокефалност на Православната црква во РС Македонија, со препорака прашањето за официјалното име да биде решено во братски дијалог со грчкојазичните и останатите помесни православни цркви. По спроведеното гласање, Светиот Синод одлучи:

Прифаќа со духовна радост, дадениот од Српската патриаршија Томос на Црквата во РС Македонија. До прифаќањето на Сеправославното решение на прашањето за името на Православната црква во РС Македонија.

Светиот Синод додава во Диптихот на Бугарската православна црква-Бугарска патриаршија за спомнувањето на Претстојателите на Помесните православни цркви, спомнувањето на Претстојателот на Црквата во РС Македонија следната формулација: „Блаженејшаго Стефана – Архиепископа Северно-Македонскаго”.

За оваа скандална одлука Фактор.бг соопшти неколку часа по состанокот на владиците, повикувајќи се на свои добро информирани извори.

Реално Синодот молчеше 4 дена и сигурно се срами од својата одлука, бидејќи истата и до денеска не е објавена на официјалната страна на БПЦ.

Постапките на владиците предизвикуваат неколку легитимни прашања:

  1. На која канонска основа е донесено ова решение на Св. Синодот на БПЦ? Според кое црковно правило или воспоставена традиција е прифатено локалната српска црква да има право да издава томоси за автокефалност на нови православни цркви?
  2. Ако од некоја непозната причина БПЦ прифати дека секоја црква може да создава нови цркви, тогаш зошто со слична одлука не го признава томосот за автокефалност на Православната црква на Украина?
  3. Во кое својство БПЦ одредува нова титула за поглавар на православната црква во Северна Македонија? Дали и таа смета дека српскиот томос е „неточен“ и има потреба од бугарско коавторство?
  4. Дали БПЦ ја признава автокефалноста на поранешната УПЦ-МП, прогласена на нејзиниот собор на 27 мај годинава, со што едноставно без додавки ја претвори во „Украинска православна црква“?

Нема сомнеж дека оваа одлука на св. Синодот на БПЦ ќе ги разбесни Македонците и секако ќе ја разочара Вселенската патријаршија. Кој провокатор беше заинтересиран да ги труе бугарско-македонските односи и да ја држи нашата црква подалеку од другите европски православни цркви?

Треба да потсетиме дека БПЦ освен писмо од српскиот патријарх Порфириј во кое ја известува дека издал томос за автокефалност, доби писмо и од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој исто така ја известил дека издал томос за автокефалност. Но, која е причината што на писмото на српскиот патријарх е одговорено за неполни три месеци, а на слично писмо на неговиот вселенски колега веќе трета година не се одговара?

А можеби се работи за тешки зависности на нашите владици, кои по скандалозната посета на рускиот митрополит Антониј, кој е втор човек во Московската патријаршија, побрзаа да ги исполнат наредбите од Москва без приговор

Бугарската православна црква им должи одговори на општеството и на државата (која несомнено ќе ги постави тие прашања кога ќе дојде време) не само затоа што е финансиски поддржана од истото општество, туку и затоа што се смета себеси за негов морален ментор и многу често, без да биде прашана, го учи како да живее и какви закони да донесува.

Во духовните кругови знаат дека не постои нешто како бесплатен ручек. Дури и за попското дете на Задушница



Слични Објави