Гаши на Конференција на спикери на парламентите на ЕУ и земјите кандидати во Копенхаген
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Конференцијата на спикери на Парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство која ќе се одржи во Копенхаген, Данска на 4 и 5 мај 2026 година.
Конференцијата претставува форум за размена на мислења, информации и искуства меѓу претседателите на националните парламенти на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, а ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите кандидати. Целта е промовирање на улогата на парламентите, поддршка за нивната соработка и координација на меѓупарламентарните активности.
Според темите на агендата, состанокот во Копенхаген ќе овозможи отворени и конструктивни дискусии за прашања од централно значење за сегашноста и иднината на Европа, односно безбедноста, проширувањето и улогата на парламентарната соработка, демократската отпорност во време на промени и хибридните закани и европската подготвеност.

