| |

Јотова го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада: Радев ќе биде премиер

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова му го врачи првиот мандат за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев, предложен од најголемата парламентарна група во 52. Народно собрание – Прогресивна Бугарија, јавува БТА.

„Имаме кандидат за премиер, тоа е Румен Радев“, изјави претседателот на парламентарната група Петар Витанов пред Јотова.

Во согласност со Уставот, Јотова на 5 мај одржа консултации со претставници на парламентарните групи во новоизбраното Народно собрание пред доделувањето на мандатот за формирање редовна влада.

Слични Објави