(Видео) Роберто Карлос: Христо Стоичков е еден од моите идоли
Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос одржа прес-конференција по повод посетата на Бугарија. Тој изјави дека се чувствува добро по операцијата на срцето на крајот од минатата година: „Сѐ е во ред. Можам да живеам уште 50 години“, јавува БГНЕС.
Во врска со состојбата во Реал Мадрид, Карлос порача: „Јас сум амбасадор на клубот. Не би сакал да коментирам, но ќе повикам на смиреност“.
Тој упати пофалби и за тренерот Фернандо Гаспар Лаборие, помошник во Левски, нарекувајќи го „исклучително интелигентен“ и „тренер со победнички менталитет“.
Карлос истакна дека светската титула со Бразилска фудбалска репрезентација во 2002 година е највредниот трофеј во неговата кариера. Според него, најтежок натпревар бил против Белгија, а заслугата за успехот ја припиша на играчи како Роналдо, Роналдињо и Ривалдо.
За Марсело рече дека е подобар лев бек од него, а за Христо Стоичков изјави: „Тој има подобра лева нога од мојата. Еден од моите идоли“.
Карлос додаде дека Нејмар треба да настапи на Светското првенство и оцени дека Карло Анчелоти може да ја врати старата слава на Бразил.
Тој позитивно се изрази и за Игор Тијаго, поранешен играч на Лудогорец, кого го опиша како „модерен фудбалер – брз, директен и голгетер“.

