|

Битолчанец со нож ја убил 31-годишната сопруга: Полицијата го уапси

Битолчанец со нож утрово ја убил 31-годишната сопруга со која не живееле заедно, соопштија од СВР Битола. Полициски службеници го лишиле од слобода.

„Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од СВР Битола.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.

Слични Објави