|

Инцидент во скопско казино: Расправија заврши со напад врз обезбедувањето

Полицијата вчера го приведе 36-годишниот И.Р. од Скопје.

Приведувањето уследило по претходна пријава дека истиот ден, околу 06:25 часот наутро, во казино на подрачјето на општина Карпош, настанала кратка расправија. По неа, И.Р. физички и со употреба на остар предмет го нападнал М.В. (35) од скопско, кој бил вработен како обезбедување во објектот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека предметот со кој е извршен нападот е пронајден од страна на полицијата. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Слични Објави