| |

Софија ќе биде домаќин на конференцијата Mathematics Days in Sofia

Од 6 до 10 јули во Софија ќе се одржи меѓународната конференција Mathematics Days in Sofia (MDS), која ќе собере бугарски математичари и компјутерски експерти од земјата и странство за презентација на најновите научни достигнувања во математиката и информатиката, јавува БНР.

Форумот го организираат Институтот за математика и информатика при Бугарската академија на науките, Сојузот на математичарите во Бугарија и Факултетот за математика и информатика при Софискиот универзитет.

„Една од главните цели на конференцијата MDS е да ги собере на едно место бугарските математичари и компјутерски специјалисти кои работат низ целиот свет, со што ќе се зајакнат врските меѓу научниците во Бугарија и бугарската математичка дијаспора“, се наведува на веб-страницата на Институтот за математика и информатика.

Настанот се одржува под покровителство на претседателот на Бугарија.



Слични Објави