|

Иван Јорданов: „Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови – денес испишавме историја!“

Кандидатот за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, по објавувањето на резултатите од изборите изјави дека Штип направил „вистински избор“ со убедлива победа и разлика од над 15.000 гласови, што, како што истакна, претставува сооднос од 6:1 во негова полза.

„Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она што го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле,“ напиша Јорданов.

Тој додаде дека новиот мандат нема да значи нова иднина, туку сегашност што граѓаните ја посакувале, нагласувајќи дека продолжува да работи со истата посветеност како и досега.

„Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“ – порача Јорданов, изразувајќи благодарност за довербата и поддршката од граѓаните.

Слични Објави