| | |

(Видео) Рашко Иванов од бугарската заедница во Хрватска пред Актуално Балкани: Хрватска нема да поддржи предоговарање на преговарачката рамка на РС Македонија со Европската Унија

Хрватска како земја членка на ЕУ и нуди помош на РС Македонија на патот ко Европската унија, но никаде не се спомнува промена на преговарачката рамка за влезот на РС Македонија во ЕУ. Ова го изјави Рашко Иванов, претседател на националната заедница на Бугарите во Хрватска бо емисијата ,,Студио Актуално Балкани” со водител Деница Китанова.

Иванов е дециден дека Хрватска едноставно сака да ѝ помогне на РС Македонија без да навлегува во тоа каква е преговарачката рамка и без да поддржува нејзино предоговарање. Во интервјуто Иванов потсети на одбележувањето на 165-та годишнина од издавањето на Зборникот со бугарски народни песни на браќа Миладиновци што се одржа во април годинава во Матица Хрватска во Загреб. Како што е познато зборникот на браќата Миладиновци е издаден со помош на хрватскиот епископ Јосип Штросмаер. На тркалезната маса зедоа учество проф. д-р Ангел Димитров , доц.д-р Наум Кајчев , проф.д-р Стипе Ботица, Мирко Чуриќ и Владимир Перев.

Иванов ја информираше јавноста дека хрватската држава финансиски ги поддржува сите активности и програми по кои работи бугарската заедница во државата. Иванов исто така изјави дека не очекува Хрватска да поддржи било каква промена на преговарачката рамка за РС Македонија.

Целото интервју со првиот човек на Бугарите во Хрватска погледнете го во видеото што следи :



Слични Објави