Милотинова: Во јули ќе биде избран градот домаќин на Евровизија 2027 во Бугарија
Градот што ќе биде домаќин на Евровизија следната година ќе биде избран во јули, соопшти генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова, јавува БНР.
Таа денеска се сретна со градоначалниците на Софија, Пловдив, Варна и Бургас, кои до крајот на неделата треба да потврдат дали сакаат да се кандидираат за домаќинство.
На средбата биле презентирани условите за организација на настанот, како и придобивките и обврските што ги носи статусот на град домаќин.
„Разговаравме за можностите што домаќинството на Евровизија ги нуди и за земјата и за градот домаќин. Ги разгледавме придобивките, но и одговорностите на градот домаќин, кои не се мали“, изјави Милотинова.

