| |

Градоначалниците на Берово и Гоце Делчев разговараа за соработка во сферата на културата, туризмот, образованието и детската заштита

Претставници на Општина Берово, предводени од градоначалникот Петар Ружински, ја посетија Општина Гоце Делчев, каде што се сретнаа со општинското раководство, јавува Пиринско.

Градоначалникот на Гоце Делчев, Владимир Москов, им посака добредојде на гостите и им се заблагодари за добрите односи и соработка што двете општини ги градат и одржуваат со години. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалниците Валери Сарандев и Саид Иброш, како и Маријана Костадинова, долгогодишна директорка на детската градинка „Џани Родари“ во Гоце Делчев.

За време на разговорите беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, туризмот, образованието, социјалната и детската заштита. Претставниците на двете општини разговараа и за размена на идеи, искуства и заеднички иницијативи меѓу бизнис-секторите од двете страни на границата.

На крајот од средбата, двете делегации изразија подготвеност да продолжат да ги развиваат пријателските односи и добрата соработка преку заеднички активности и идни проекти од заеднички интерес.



Слични Објави