| |

Бугарија го одобри следниот чекор за набавка на нови 3D радари за бугарската армија од Франција

Бугарската влада го одобри преземање на следниот чекор за реализација на проектот „Набавка на нови трикоординатни радари“, јавува пресцентарот на бугарското Mинистерство за одбрана. Со решението се дава мандат за преговори и потпишување на проектот за набавка според рамковниот договор меѓу Министерството за одбрана на Република Бугарија и Министерството на вооружените сили на Француската Република преку Генералната дирекција за вооружување (DGA). По потпишувањето, документот ќе треба да биде ратификуван од Народното собрание.

Проектот има за цел модернизација на способностите на Бугарската армија за набљудување на воздушниот простор и зголемување на ефикасноста во контролата и заштитата на воздушниот суверенитет на земјата. Новите радари ќе овозможат набљудување во реално време и ќе го поддржат извршувањето на националните одбранбени задачи, како и обврските на Бугарија во рамките на НАТО.

Предвидена е набавка на седум нови трикоординатни радари и неопходна помошна опрема. Со нив ќе биде изградена современа система за радиолокациско набљудување, што ќе ги зајакне способностите на вооружените сили во националниот и колективниот систем за безбедност.

Проектот опфаќа испорака, инсталирање и интегрирање на опремата, како и поврзани услуги и активности според рамковниот договор со Француската Република.



Слични Објави