|

Николоски: „Стража“ се заобиколува со новиот автопат, градежните работи во полн ек

Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).

 

Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.

Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.

Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

 



Слични Објави