Меѓународна работилница за продуценти и арт менаџери од Бугарија, Северна Македонија и останатите балкански држави ќе се одржи во Софија
Меѓународна работилница за продуценти и арт менаџери во сферата на современиот танц и сценските уметности ќе се одржи во Софија од 24 до 29 јуни, јавува БНР.
Настанот е дел од регионалната платформа Moving Balkans и се организира во партнерство со „Софија Лаб“, соопштија организаторите од „Дерида Денс Центар“.
Учествo ќе земат околу 40 професионалци од 11 балкански држави – Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Грција, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија и Турција.
Меѓу менторите во програмата се етаблирани меѓународни експерти.

