| |

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова беше удостоена со почесната титула „Доктор хонорис кауза“ на БАН

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова беше удостоена со почесната титула „Доктор хонорис кауза“ на Бугарската академија на науките. Признанието ѝ беше врачено на свечена церемонија на 30 јуни во салата „Проф. Марин Дринов“ од претседателката на БАН, Евелина Славчева.

Почесното звање ѝ се доделува на Јотова за придонес во бугаристиката, поддршката за ширење на бугарското културно наследство и зачувувањето на духовниот идентитет. Од БАН го истакнаа и нејзиното долгогодишно учество во каузите на Академијата, како и придонесот во образованието, науката и културата.

Јотова се заблагодари за признанието и ја оцени титулата како „огромна одговорност“. Во своето академско слово таа истакна дека политиката често е врзана за мандати и кризи, додека науката е насочена кон „објективната вистина и долгорочниот напредок“.

„Иновациите на бугарските научници денес ја создаваат економијата на земјата. Нивната амбиција во науката, треба заедно да ја претвориме во амбиција за Бугарија“, порача Јотова.

Таа ја нагласи и улогата на БАН во зачувувањето на националниот идентитет, бугарскиот јазик, историјата и културното наследство, како и потребата трудот на научниците да биде подостапен за јавноста.

Слични Објави