Радев разговараше со претставници на „Вестингхаус“ за изградбата на 7-ми и 8-ми блок на АЕЦ „Козлодуј“
Бугарскиот премиер Румен Радев на 8 јули се сретна со претставници на раководството на „Вестингхаус“. За време на средбата во бугарската влада беше разгледано спроведувањето на прелиминарните инженерски активности во рамките на проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на АЕЦ „Козлодуј“.
Беа разгледани и прашања поврзани со завршувањето на предпроектната студија за временските рокови за изградба на новите блокови и очекуваната крајна цена. На средбата учествуваа вицепремиерот Гулаб Донев и вршителот на должност амбасадор на САД во Бугарија, Мартин Мекдауел.
