| |

Албанија и Црна Гора затворија поглавја во преговорите со ЕУ

Албанија ги затвори првите три поглавја од пристапните преговори со Европската Унија на меѓувладина конференција во Брисел, јавува Актуално. Станува збор за поглавјата 25 – „Наука и истражување“, 26 – „Образование и култура“ и 30 – „Надворешни односи“. Земјата досега ги отвори сите 33 преговарачки поглавја.

Црна Гора ги затвори поглавјата 8 – „Конкуренција“ и 29 – „Царинска унија“, со што досега затвори 18 од вкупно 33 отворени поглавја.

Подготвено за затворање било и Поглавјето 14 – „Транспортна политика“, но Хрватска не дала согласност поради прашањето за правото на странски превозници да вршат внатрешен транспорт. Загреб претходно го блокираше и затворањето на Поглавјето 31 поради нерешени билатерални прашања.

Слични Објави