Петков: Бугарија и Северна Македонија заеднички ќе ја чествуваат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

/

На 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание, јави дописникот на МИА од Софија, пренесува ТВ 21.

Петков додаде дека премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски една седмица е премиер и од овие осум дена, четири дена поминал со бугарската Влада и изразил желба да дека сака да има резултати со прашањето со Бугарија.

Кирил Петков во Народното собрание на Бугарија рече дека Ковачевски изјавил дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, без каже временски рокови. Тој појасни дека веќе не зборуваме за пет плус едно, туку за четири плус едно барање, и дека тоа само по себе е напредок.

-На секои седум дена се организира датум за состаноци, рече Кирил Петков и додаде оти се радува дека дури и заедничката историска комисија ќе има три состаноци во наредните месеци.



Петков најави дека Бугарија нема намера да смени ниту еден член од бугарскиот дел на историската комисија. Тој исто така рече дека смета оти бугарската Влада направила добра работа во тие две недели.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

19-годишник од село Дреново ја силувал својата 11-годишна сестра

Следна статија

Петков пред бугарските пратеници: Бугарите ќе влезат во Уставот на РС Македонија, за рокот се преговара

Најново од Вести