Бугарското училиште во Сиетл одбележа 15 години од основањето
Бугарското училиште во Сиетл одбележа 15 години од своето основање со свеченост во паркот во Белвју, соопшти тимот на образовниот центар на својата фејсбук-страница, пренесува БТА.
На прославата учениците настапиле со детски изведби и програма посветена на бугарскиот јазик и култура.
„Секое дете донесе светлина, инспирација и надеж за иднината на бугарскиот јазик и култура далеку од татковината“, наведоа од училиштето, упатувајќи им желби на учениците да бидат здрави, љубопитни, храбри и да ја негуваат љубовта кон бугарскиот збор и традициите.
Од образовната установа им се заблагодарија на учениците, родителите, наставниците и пријателите за поддршката, како и на поранешните и сегашните наставници за нивната посветеност.
„Петнаесет години училиштето не е само место за настава, туку дом на бугарскиот дух, јазик, историја и припадност“, истакнаа од училиштето.
Бугарското училиште во Сиетл е основано во 2011 година, а од 2023 година работи на нова локација во Киркланд, во американската сојузна држава Вашингтон.

