АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕДЕ КОНТРОЛАТА ВО СОВЕТОТ НА ГОСТИВАР
Партијата на градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари, Алијанса на Албанците ја презеде контролата врз Советот на општина Гостивар. Нов претседател на Советот на општина Гостивар е Бесим Мемеди, кој беше избран на денешната седница на Советот откако досегашниот претседавач Насир Муслиу поднесе оставка.
Клучниот глас за промена на мнозинството што доскоро го предводеа ДУИ и СДСМ дојде од советникот Кашмир Салиу од Демократскиот сојуз на Ромите.
Тој пресуди да се формира ново мнозинство во советот околу Мемеди, кого го поддржува матичната АА, но и ВМРО-ДПМНЕ.

