| |

Општините Гоце Делчев и Симитли ќе ја одбележат 123-та годишнина од почетокот на Илинденско-Преображенското востание

Општините Гоце Делчев и Симитли ќе ја одбележат 123 годишнина од Илинденско-Преображенското востание. Традиционалниот собир по повод Илинден во општина Гоце Делчев ќе одржи на 1 август со почеток од 10:30 часот пред споменикот на Гоце Делчев во Попови Ливади, со заупокојна молитва за загинатите во Илинденско-Преображенското востание и молебен за здравје, кои ќе ги отслужи Неговото Високопреосвештенство, Неврокопскиот митрополит Серафим, јавува Пиринско.

Потоа пред споменикот ќе бидат одржани пригодни говори и ќе бидат положени венци и свежо цвеќе во знак на благодарност и почит кон споменот на учесниците во Илинденско-Преображенското востание. Предвидена е и музичка програма.

За посетителите е обезбеден организиран превоз од Гоце Делчев до селото Попови Ливади. Автобусите ќе тргнуваат од плоштадот „Гоце Делчев“ од 8:00 часот, а враќањето ќе биде по 16:00 часот.

На 2 август Бугарија ќе им оддаде почит на саможртвата и духовната сила на хероите од Илинденско-Преображенското востание и на нивната борба за национално ослободување. Истиот ден, во 10:00 часот, во Општина Симитли ќе бидат положени венци свежо цвеќе пред споменикот „Илинден“ .

Поклон пред хероите!

Слични Објави