Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство.
Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи.
Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 јули, кога биле евидентирани 649 први прегледи.
Во периодот од 14 до 31 јули, во здравствените установи во Гостивар се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Дополнително, досега се поднесени 1.028 формални пријави за заразна болест, а изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

