Радев: Со преземањето на Институтот „Илија Гаџев“ зачувавме непроценливо сведоштво за борбите на македонските Бугари за слобода
По 15 години размислување и постапки, Бугарија го презеде Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка „Илија Гаџев“, изјави бугарскиот премиер Румен Радев на почетокот на денешната седница на бугарската Влада, јавува БТА.
„Не стекнавме само непроценливи архиви, туку зачувавме и непроценливо сведоштво за борбите на македонските Бугари за слобода и национално обединување, како и за бугарската етничка самосвест, јазик и култура на македонската емиграција во САД и Канада од почетокот на 20 век“, рече Радев.
Според него, бугарската влада и во иднина ќе продолжи да ги брани историската вистина, сеќавањето и честа на предците.
Бугарија ги презеде зградата и документите на Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка „Илија Тодоров Гаџев“ во Гоце Делчев, соопшти Државната агенција „Архиви“.
