| |

Бугарската воена морнарица одбележува 147 години од основањето

Со низа настани оваа недела се одбележува 147-годишнината од основањето на Военоморските сили на Бугарија, јавува Радио Бугарија.

На 5 август во Варна ќе се одржи воен ритуал со положување венци и свежо цвеќе пред „Споменикот на морнарот“. Истиот ден, од 19:30 часот, во Морската градина во Бургас ќе настапи Репрезентативниот дувачки оркестар на Военоморските сили на Бугарија.

На 8 август, од 9:00 до 12:00 часот, жителите и посетителите на Варна и Бургас ќе можат да разгледаат воени бродови на морските пристаништа, соопшти бугарското Министерство за одбрана.



Слични Објави