| |

Бугарија веќе располага со двe антидрон-системи

Две антидрон-системи се веќе доставени во Бугарија и претстои нивно воведување во употреба, соопшти Министерството за одбрана. Системите се набавени од американската компанија „Axon“, а наскоро се очекува испорака на уште две, пренесува БГНЕС.

Набавката е забрзана по инцидентот на 8 август, кога дрон навлезе околу 100 метри во бугарскиот воздушен простор во реонот на Генерал Тошево, од правец на Романија, по што експлодира. Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека неговите радари не регистрирале летало што ја преминало границата кон Бугарија.

Бугарија планира да набави околу 10 вакви системи и преку европскиот инструмент „Мерки за безбедност на Европа“ (SAFE). Според Министерството за одбрана, нивниот сегашен радиус на дејствување е меѓу три и пет километри.

Антидрон-системите се дел од деветте проекти за модернизација на одбранбените способности за кои Бугарија побара средства од Европската комисија преку SAFE. Проектите треба да бидат реализирани до 31 декември 2030 година.



Слични Објави