|

Осум активни пожари во државата

Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот.

Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати.

Активни пожари – 8:
Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација).
Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума).
Општина Велес: с. Караслари (ниска вегетација и грмушки).
Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума).
Општина Куманово: с. Кучкарево и с. Градиште (ниска вегетација).

Изгаснати пожари – 4:

Општина Радовиш: с. Калугерци (ниска вегетација и контејнер).
Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација).
Општина Струга: Ново Село (ниска вегетација).

 

Слични Објави