ЦИК ги утврди правилата за претседателските избори во Бугарија
Бугарската Централна изборна комисија ги утврди правилата за регистрација на партиите, коалициите и иницијативните одбори за изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, закажани за 25 октомври, јавува БГНЕС.
Партиите и коалициите треба да поднесат барање за регистрација најдоцна до 17 часот на 9 септември 2026 година, заедно со потписи од најмалку 2.500 избирачи. Предвиден е и депозит од 1.278,23 евра.
Независни кандидати може да предложи иницијативен одбор составен од најмалку 21 избирач со постојана адреса во земјата. Рокот за негова регистрација е 14 септември, а депозитот изнесува 51,13 евра.

