Три медали за Бугарија на географската олимпијада во Истанбул, Бургас ќе биде домаќин во 2029 година
Бугарскиот национален тим освои два сребрени и еден бронзен медал на годинашната Меѓународна олимпијада по географија во Истанбул, соопшти Министерството за образование и наука.
Сребрени медали освоија матурантите Борис Донков од Националната природно-математичка гимназија во Софија и Звездемир Пенев од Математичката гимназија во Варна. Со бронза се закити единаесеттоодделенецот Л’чезар Митев од Софиската математичка гимназија.
Бугарија во 2029 година првпат ќе биде домаќин на натпреварувањето. Бургас е избран за организатор на 25. Меѓународна олимпијада по географија, победувајќи ги кандидатурите на Порто Сегуро во Бразил и Никозија во Кипар.

