Просечната плата во Бугарија помина 1300 евра
Според податоците на Националниот статистички институт на Бугарија, просечната месечна бруто-плата во земјава во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2572 лева (1315 евра).
Во споредба со првото тримесечје, платата е зголемена за 5,3%. Најголем пораст е забележан во дејноста „Образование“ – над 21% зголемување.
На годишно ниво, во споредба со истото тримесечје лани, просечната месечна плата е повисока за 12%.
