(Фото) Етнографска карта на Битолскиот вилает
Од четирите делови на етнографската карта на Битолскиот вилает успеав да составам една целосна карта. За оваа карта случајно дознав по нејзиното објавување во Скопје во 2017 година. Бев испровоциран од скопското пропагандно тврдење дека присуството на Бугари на картата се должело на тоа што оригиналот бил објавен во Софија. Скопјаните, меѓутоа, „пропуштиле“ да информираат дека податоците на картата се земени од официјалната османска статистика, така што никако не може да се зборува за бугарска пропаганда, туку за објективни факти.
Во принцип, кај христијанското население османската администрација го применува народносно-религиозниот принцип, односно населението се групира истовремено според етничка и верска припадност, додека кај муслиманите таков пристап не се дозволува и тие го формираат таканаречениот „ислам милет“, односно „исламскиот народ“.
Во доцниот османски период, меѓутоа, османлиите сфаќаат дека овој пристап не е најточен. Поради таа причина, на картата веќе е прикажана поделбата на Албанци христијани и Албанци муслимани. Се појавува и категоријата Помаци, при што во одделните коментарни делови кон картата се појаснува дека станува збор за Бугари муслимани или Грци муслимани. Лично за мене тоа беше изненадување, бидејќи обично ние така ги нарекуваме само Бугарите муслимани. За османската администрација начинот на примање на исламот бил ист и кај Бугарите и кај Грците. Особено важен момент на картата е што кај Бугарите христијани се појаснува кој им е духовниот водач – се наведува дека има Бугари кон Егзархијата (мнозинство), но исто така има и останати Бугари кон Вселенската патријаршија (малцинство). Ги давам овие појаснувања затоа што основен елемент во скопската пропаганда е тврдењето дека во Османлиската империја „Бугарин“ не значело Бугарин, што секако е врвна глупост, бидејќи таму се регистрирани официјално како бугарскиот православен народ (булгар милет ортодокс), така и бугарскиот католички народ (булгар милет католик).
Третиот важен момент на оваа османска статистика е тоа што таа ги анализира вилаетите во нивните административни граници. Бугарија обично се интересирала само за она што се случувало во географската област Македонија и не обрнувала внимание на тоа што има западно или северно од нејзините географски граници. А се покажува дека Бугари имало и западно од Охридското и Преспанското Езеро, кои приближно се во центарот на Битолскиот вилает. Тие Бугари биле патријаршисти, но зборувале бугарски јазик и биле наведени токму како Бугари од страна на османските власти. Проучувањето на овие населени места ќе покаже каде, на пример, на почетокот на XX век, во земјите што влегле во состав на Албанија, имало Бугари за кои имаме само нејасни податоци и не знаеме детали за конкретните села и бројот на нивното население.
Се надевам понатаму да ги составам и етнографските карти за Солунскиот и Косовскиот вилает.
Важното е дека уште еден мит во македонистичката пропаганда се руши!


Подготвил: Доц. д-р Спас Ташев

