| |

Одбележуваме 120 години од масакрот во селото Смрдеш

Редовната турска војска го нападна с. Смрдеш, бидејќи пред повеќе од месец во селото се криела четата на Борис Сарафов. Како резултат на жестоките бомбардирања проследени со колење, 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца) се убиени, 300 куќи се изгорени, заедно со 2 училишта и 19 дуќана. 50 души се ранети, силувани се 35 жени. Свештениците се исклани, училиштето и црквата се пеплосани, целиот добиток е разграбен. 1500 души остануват без покрив над главите.

“Турците го изгореа, го изгореа два пати зашчо селото беше комицко, Бугарцко. Оттамо имаше много војводи – Васил Чекаларов, Пандо Кљашев и други имаше… Имаше много отепани, нат сто души.“, пишува за овој трагичен настан познатиот бугарски научник од селото Черешница, костурско Благој Шклифов.



Слични Објави