| |

Ликовна уметничка од РС Македонија со донации од претседателот Пендаровски и д-р Милен Врабевски ќе патува во Франција за да ја добие својата награда

Светскиот институт за младинска уметност центар на УНЕСКО со седиште на Троа Франција веќе 30 години го организира највлијателниот и светски признат конкурс за деца, ликовни уметници. Годинава учество во конкурсот зедоа речиси 4000 творби од 70 земји во светот.
РС Македонија доби 13 награди и 20 признанија од истиот конкурс благодарение на учеството на детското ликовно студио ,,Св. Кирил и Методиј ” од град Битола.

Воспитаничката на студиото Валерија Костовска ја доби третата награда во нејзината категорија од 14-18 години. Со овој успех таа и нејзините предавачи ќе бидат дел од специјално поканетите гости на официјалната церемонија за доделувањето на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Троа Франција.

,, Патувањето што ќе се одржи меѓу 30 -ти мај и 4-ти јуни ќе биде финансирано од две лични донации. Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски донирал 600 евра, додека д-р Милен Врабевски прв човек на фондацијата ,,Бугарска памет” донирал 6000 евра. На овој фон само пред 3 дена на д-р Врабевски не му беше дозволен влез во РС Македонија поради забрана која гласи дека е потенцијален прекршител на јавниот ред и мир”, велат од фондација ,,Бугарска памет”.

На насловната фотографија е прикажан дел од атмосферата од заедничкиот настан на детското ликовно студио ,, Св. Кирил и Методиј” Битола и фондација ,,Бугарска памет” во Пловдив 2022 година.



Слични Објави