| |

На 13 и 14 мај во Битола и во Скопје ќе се одржат информативни средби за сите идни студенти кои сакаат да студираат во Бугарија

На 14 мај во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе се одржи средба на претставници на Министерството за образование и наука на Бугарија и Извршната агенција за Бугарите во странство со кандидат студенти од РС Македонија, кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија.

„На вниманието на идните студенти! На 14 мај во Скопје започнува информативната кампања за високото образование во Република Бугарија. БКИЦ е домаќин на тековната информативна средба. Повеќе информации можете да добиете на 14 мај, од 10:00 часот, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје“, информираат од Бугарскиот културно-информативен центар.

Ден претходно на 13 мај информативната кампања ќе стартува во Генералното конзулство на Бугарија во Битола, кое се наоѓа на булевар „1 мај “ бр. 53. Бугарскиот културно-информативен центар се наоѓа на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 6 во центарот на главниот град.

Слични Објави