| |

Навремена грижа за секое дете: Претставникот на УНИЦЕФ посети семејства и стручни тимови во Бугарија

Претставникот на УНИЦЕФ во Бугарија, Мио Немото, ги посети општините Сливен и Нова Загора, каде што се сретна со семејства, стручни лица и претставници на локалните институции, обединети околу заедничката цел да обезбедат навремена и квалитетна поддршка за децата и нивните родители, соопшти УНИЦЕФ Бугарија.

Во Нова Загора, Немото се сретна со малата Златка, нејзините родители Христина и Јулијан и специјалистката за рана детска интервенција, Маги. Како што наведуваат од УНИЦЕФ, средбата го истакнала значењето на раната детска интервенција – навремена и индивидуализирана поддршка за детето и семејството, која го поттикнува неговиот развој уште од најрана возраст.

Во рамките на посетата на Нова Загора, Немото се сретна и со градоначалничката Галја Захариева и заменик-градоначалникот Ивајло Енев. На средбата разговараа за значењето на соработката меѓу локалните власти и УНИЦЕФ во поддршката на децата и семејствата.

Во Сливен, претставникот на УНИЦЕФ се сретна со тимот и партнерите на Центарот за здравје на мајки и деца, кои секојдневно им помагаат на бремени жени и на семејства со мали деца. Во разговорите беше нагласено значењето на добрата координација меѓу патронажните сестри, медицинските стручни лица и локалните институции.

Немото одржа средби и со раководството на болницата „Д-р Иван Селимински“, со градоначалникот на Сливен, Стефан Радев, заменик-градоначалничката Пепа Чиликова и обласниот управител Михаил Кашеров. Меѓу главните теми беа одржливоста на патронажната грижа, долгогодишното партнерство и можностите искуството од Сливен да придонесе за развојот на националниот модел на патронажна грижа во Бугарија.

Од УНИЦЕФ Бугарија истакнуваат дека посетата ја потврдила заедничката посветеност на организацијата, здравствените работници и локалните власти да ја продолжат соработката за поддршка на најмалите деца и нивните семејства.



Слични Објави